Официјално: ПСЖ – Борусија Дортмунд ќе се игра без публика

Коронавирусот го нарушува и натпреварувањето во Лигата на шампионите, откако беше објавено дека ПСЖ ќе мора да го игра реваншот против Борусија Дортмунд без присуство на навивачи на „Паркот на принцовите“.

Информацијата доцна синоќа ја најави весникот “Л’Екип“, за денеска да ја потврдат и француските власти, јасно ставајќи до знаење дека не смее да се организира настан на кој би биле присутни повеќе од илјада лица. „Паркот на принцовите“ е со капацитет од 48.000 места, сите билети беа распродадени, но по најновиот развој на настаните одлучено е на трибините да нема навивачи.

УЕФА во текот на денешниот ден само ќе ја потврди одлуката на француските власти, со оглед на фактот дека нема доволно време за релокација на мечот во друга држава.

Борусија Дортмунд има предност од 2-1 од првиот натпревар одигран во Германија, а јасно е дека играњето пред празни трибини дополнително ќе ја искомпликува задачата на ПСЖ во обид „светците“ да обезбедат пласман во четвртфиналето од Лигата на шампионите.

Се вчитува...