ОФИЦИЈАЛНО: Расел Вестбрук е нов играч на Лос Анџелес Лејкерс (ФОТО)

Расел Вестбрук во иднина ќе го носи дресот на Лос Анџелес Лејкерс откако клубот од Калифорнија и неговиот Вашингтон успеаја да се договорат за размена на играчи во која во спротивната страна ќе заминат Кајл Кузма, Монтез Хаерл, Колдвел-Поуп, Ајзеа Џексон и 22. пик од овогодишнот драфт.

Плејмејкерот се очекува да биде од огромна помош на Леброн Џејмс и Ентони Дејвис во мисијата за враќање на титулата во Лос Анџелес. Вестбрук претходната сезона одигра 65 натпревари за Визардс во кои постигна просек од 22.2 поени, 11.5 скока и 11.7 асистенции.

Се вчитува...