Анте Ребиќ уште пет години во Милан

Раководството на Милан продолжува да ги решава клучните прашања во играчкиот кадар, па по засилувањето на средниот ред со Сандро Тонали синоќа беше осигуран уште еден потпис.

Анте Ребиќ ќе продолжи да го носи дресот на „росонерите“ и во наредните пет години по извонредните игри што офанзивниот Хрват ги покажа во вториот дел од сезоната. Тој играше за Милан на позајмица од Ајнтрахт, но „росонерите“ постигнаа договор за целосно да го откупат Хрватот, откако го испратија Андре Силва да остане во Франкфурт по ланската позајмица во овој бундеслигаш.

Ребиќ, кој постигна 12 погодоци минатата сезона, во новиот шампионат ќе го носи дресот со број 12 на „росонерите“.

Се вчитува...