Официјално: Рома службено го загуби мечот со Верона

Саботниот натпревар меѓу Верона и Рома што заврши без голови е регистриран со службен резултат 3-0 за домашниот тим, одлучи денеска Италијанската Фудбалска Федерација откако „римската волчица“ имала неправилно регистриран фудбалер за овој меч.

Станува збор за Амаду Диавара, кој на листата играчи бил пријавен како фудбалер до 22 години. Проблемот е во тоа што тој на 23 јули наполнил 23 години и никако не смеел да биде вклучен меѓу младинците на листата, а поради прекршување на строгите правила мечот денеска беше регистриран со службена победа на „веронезите“.

Рома ја призна грешката, а трагедијата да биде уште поголема, на листата на играчи за мечот со Верона имало пријавено четири фудбалери помалку, што значи дека Диавара би можел секако да биде пријавен меѓу „сениорите“.

Се вчитува...