Славниот голгетер и поранешен репрезентативец на Холандија, Руд Ван Нистелрој доби голема задача и од следната сезона ќе биде тренер на еден од најголемите клубови во оваа земја. Нистелрој седнува на клупата на ПСВ каде што ќе го наследи Роџер Шмид кој ќе си замине на крајот на актуелната сезона.
Легендарниот Руд Ван Нистелрој си најде нов предизвик во кариерата и ќе седне на кормилото на ПСВ Ајндховен од следната сезона, а тоа го потврди вториот најтрофеен тим од Холандија на неговиот профил на Твитер.
Ван Нистелрој ја заврши фудбалската кариера во 2012 година, а како тренер работеше во младиот тим на ПСВ и како асистент во репрезентацијата на Холандија.
„Мојот сон од секогаш беше да го тренирам ПСВ. Работев со директорот на клубот во претходните сезони и убеден сум дека можам да почна професионална кариера. Ова е вистински момент за таков чекор“, кажа поранешниот фудбалер.
Ван Нистелрој во кариерата играше три сезони за ПСВ и на 67 меча во лигата постигна 62 голови.
𝚅𝚊𝚗 𝚃̷𝚑̷𝚎̷ 𝙾𝚞𝚛 𝙼𝚊𝚗.
𝐑𝐮𝐮𝐝 𝐯𝐚𝐧 𝐍𝐢𝐬𝐭𝐞𝐥𝐫𝐨𝐨𝐢𝐣 🔴⚪
Our new head coach,
starting next season. pic.twitter.com/cp80IbEtg7— PSV (@PSV) March 30, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА