Официјално: Серж Орије е нов играч на Вилјареал

Серж Орије, како слободен играч, стана член на Вилјареал. Тој потпиша едногодишен договор, со можност за продолжување на уште две.

Орије (28) раскина со Тотенхем во август, по четири години поминати во таборот на популарните „петли“ и запиша 110 натпревари за овој клуб.

Силниот дефанзивец од Брегот на Слоновата Коска и поранешен десен бек на Пари Сен Жермен, дојде во Вилјареал на барање на првиот тренер на овој клуб, Унаи Емери.

 

 

 

Се вчитува...