Шалке повторно го отпушти тренерот, избра клупска легенда за спасител

Шалке се мачи на стартот од оваа сезона, „рударите“ и по 12 oдиграни средби во Бундеслигата се уште се без победа, со четири нерешени дуели и дури осум порази. Нивната гол-разлика е застрашувачка со само осум постигнати и дури 35 примени погодоци, a пехот за лошата сезона сега го плати и Мануел Баум.

Германецот во септември оваа година го наследи Давид Вагнер на клупата на клубот од Гелзенкирхен, но и неговата игра не беше доволно добра за Шалке за ја забележи првата победа во сезоната. Притоа „сините“ добија и нов тренер, за легендарниот Хуб Стевенс, кој во три наврати го предводеше Шалке, од 1996 до 2002, потоа во сезоната 2011/12, како и краток период до 2019 година.

Холанѓанецот е само привремено решение за германскиот состав. Стевенс ќе го предводи Шалке на претстоечките дуели против Арминија во Бундеслигата и на гостувањето против Улм во Купот на Германија, но не се исклучува можноста доколку оваа „шок-терапија“ се покаже како успешна, тој да ја доврши сезоната на кормилото на Шалке.

 

Се вчитува...