Официјално: Симоне Инзаги нов тренер на Интер

Италијанскиот шампион Интер официјално потврди дека Симоне Инзаги е нов тренер на клубот. По заминувањето на Антонио Конте, раководството на тимот од Милано беше во потрага по нов тренер, а на крајот одлуката падна на Инзаги.

Тој потпиша двегодишен договор со Интер, каде доаѓа од редовите на Лацио со кој бележеше одлични резултати во изминатите сезони.

 

Се вчитува...