Официјално: Тужба против Барселона, Росел и Бартомеу, платени 7,3 милиони евра за „судиски одлуки“

Обвинителството во Каталонија поднесе тужба против Барселона поради нелегалните исплати на компаниите со кои раководел Енрикез Негреира, поранешен потпретседател на Судиската комисија при Шпанската Фудбалска Асоцијација.

Откако во изминатите дваесетина дена беа собирани докази, по првичните сомнежи за нелегални дејствија, утврдено е дека соработката траела уште од 2001 и траела дури 17 години. Конкретни докази се собрани за периодот од 2011 до 2018 година, во која Негреира од Барселона инкасирал нецели три милиони евра (поточно, 2.971.673 евра). Покрај Барселона како фудбалски клуб, обвиненија се поднесени и против Сандро Росел и Жорди Бартомеу, кои беа претседатели на каталонскиот гигант во овој период.

Ривалите предводени од Реал Мадрид се жалеа дека каталонците мора да бидат санкционирани, сегашниот претседател Жоан Лапорта ги отфрли обвиненијата со докази дека тој воопшто не соработува со Негреира, но отпочнувањето на судскиот процес дефинитивно е сериозен проблем за каталонскиот фудбалски гигант.

„Барселона постигнала вербален договор со тужениот Енрикез Негреира, се со цел тој како потпретседател на судиската комисија, а во размена за пари, да изврши дејствија во корист на Барселона при судиските одлуки што ги играл овој клуб“, се вели во дел од обвинението.

Останува да се види каква санкција би заработила Барса доколку клубот биде прогласен за виновен, дали ќе стане збор за парична санкција, или пак дури и за одземање бодови, нешто што го бараа останатите шпански клубови во изминатиот период.

Се вчитува...