Официјално: Жоао Феликс потпиша за Челси

Жоао Феликс од денеска и официјално е нов член на Челси откако лондонскиот премиерлигаш ја комплетираше позајмицата од редовите на Атлетико Мадрид.

Според договорот меѓу двата клуба, Челси ќе плати 11 милиони евра за да го има Феликс во своите редови во наредните пет месеци од сезоната, покрај тоа покривајќи ја целосно и неговата плата до крајот на сезонава, по што тој летово ќе се врати назад во Мадрид.

„Челси е еден од фудбалските гиганти во светот и среќен сум што доаѓам овде. Ќе сторам се за да му помогнам на клубот да ги оствари своите зацртани цели“, изјави Феликс по потписот на договорот со „сините“.

Се вчитува...