Официјално: Жута потпиша за Коњаспор

Леонард Жута и дефинитивно ги разреши сите дилеми околу својата иднина откако левиот бек денеска потпиша договор на две и пол години со екипата на Коњаспор. Поранешниот македонски репрезентативец веќе најави заминување од тимот на Ријека, а од неколкуте понуди на негова адреса ја избра онаа на Коња, за преселба во турскиот шампионат.

„Брзо се договоривме, по два-три дена разговори решив дека сакам да му се приклучам на овој клуб. Се надевам дека брзо ќе се адаптирам и ќе помогнам Коњаспор да бележи добри резултати. Доаѓам во силна лига, пред неколку години играв во Истанбул против Башакшехир и знам каква атмосфера се создава на стадионите ширум Турција, тоа е и една од причините поради кои ја избрав токму оваа понуда“ – истакна Жута по потписот на договорот со новиот клуб.

Тој ќе го носи дресот со број 23 во Коњаспор.

Се вчитува...