Официјално: Зинедин Зидан нов селектор на Франција!

Сега и официјално. Зинедин Зидан е нов селектор на Франција, откако француската федерација го потврди прославениот фудбалер на „триколорите“ за нов предводник.

Ова за Зидан е прв селекторски предизвик, откако во минатото го водеше со успех тимот на Реал Мадрид, до три трофеи во Лигата на шампионите.

Зидан го истакна своето задоволство што ќе ја води француската репрезентација.

„Честопати го кажував: нема ништо поголемо од француската репрезентација. Затоа е радост и очигледно голем извор на гордост да станам менаџер на оваа француска репрезентација. Тоа е исто така и одговорност. Сакам да им се заблагодарам на претседателот Филип Дијало, на Извршниот комитет и на Француската фудбалска федерација за нивната доверба и да им оддадам признание на четиринаесетте години служба на Дидие и неговиот персонал. Денес имам посебна мисла и за сите мои тренери. Не е потребно да се каже дека имам големи амбиции за француската репрезентација“, изјави Зидан на промоцијата. 

Се вчитува...