ОФС Гази Баба како пример за поддршка на развојот на клубовите и фудбалската игра

По завршувањето на клупската сезона во домашниот фудбал, во заедничка соработка со Фудбалската федерација на Македонија и Општина Гази Баба, а благодарение на првиот човек на ОФС Гази Баба, Дарко Костовски и неговата идеја и долгорочна стратегија за развој на младинскиот фудбал и спортската инфраструктура, сите фудбалски клубови членки на ОФС Гази Баба добија комплетна спортска опрема преку програмата на ФФМ. Настанот се одржа на стадионот во Автокоманда, а присуствуваа бројни спортски работници, претставници на клубовите и претставници од локалната самоуправа градоначалниците на Општина  Гази Баба, Боби Стефковски, на Општина Петровец,  Борче Митевски и Општина Илинден,  Александар Георгиевски.

Претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ во континуитет нагласува дека фудбалската федерација ќе биде постојана поддршка за фудбалските клубови низ цела Македонија  и дека со создавање на подобри услови  за најмладите фудбалот во Македонија ќе има подобра иднина.

Според најавите, наредниот период се очекува и голем број други општински фудбалски сојузи да ја следат акцијата на ОФС Гази Баба и Дарко Костовски, кој од јануари оваа година доби четиригодишна доверба да го води сојузот, а е член и на Управниот одбор на ФФМ.

Долгодишниот истакнат фудбалски судија, Зоран Николовски кој е и меѓународен фудбалски судија со безброј отсудени дерби мечеви и се уште активен во мак-фудбалот како контролор, инструктор, ментор на многу судии исто така со пофални зборови за Дарко Костовски. Се уште низ максимален ангажман помага и во судиската организација и е од помош во општинските сојузи.

„Вклучен сум во општинскиот сојуз со желба да бидеме на постојано располагање на сите судии, а во договор со претседателот Дарко Костовски кој е максимално посветен на фудбалот. Од неговото назначување за претседател на еден од најголемите општински фудбалски сојузи во Македонија неуморно се залага за нови проекти и ги подржува сите фудбалски екипи од сојузот, па верувам дека само со посветена работа може фудбалот да го издигнеме на скалило погоре“ – вели Николовски.

Се вчитува...