Ограбен Чиро Блажевиќ: Украдени многу пари, прстен вреден 100.000 франци, пиштол….

Непознати сторители провалиле во викендицата на поранешниот хрватски селектор Чиро Блажевиќ и од неговиот сет украле голема сума пари, прстен вреден 100.000 франци и подарок пиштол…

Информацијата за хрватските медиуми ја потврдува и самиот Блажевиќ кој вели дека, за жал, воопшто не бил осигуран.

„Сине мој, да знаеш ова многу ме погоди. Очаен сум ти јас сега, ништо не сум осигурал затоа што будала си мислев: ‘Кој тоа мене ќе ме украде, па јас сум пријател на народот’. Море, ете к…. сум ти јас“ – вели Блажевиќ за „Нови лист“ дополнувајќи дека не е првпат да го ограбат.

„Знаеле и порано да провалат, ама краделе само ситни работи, дресови… Па, јас после ќе им оставев порака каде стои клучот од викендицата за да не обиваат безвезе. Е, овие биле вистински професионалци. Точно знаеле каде е скриен во ѕидот сефот. Најпрво од ѕидот пробале да го ископаа целит сеф. Откако не успеале ја пронашле машината за бушење и си ја завршиле работата до крај. А, што имаше во сефот? Пари, многу пари, но однесоа и за сопругата еден многу драг прстен вреден 100.000 франци кој и го купив во Париз по освојувањето на бронзата на СП. Тоа е швајцарски сеф не е лесно да го обиеш. Бев убеден дека е невозможно такво нешто, а и беше добро сокриен во куќата. Но, ете го пронашле“.

А, украден му е пиштол подарок од Гојко Шушак.

„Тоа ми беше навистина повеќе од драг подарок“ – вели Чиро Блажевиќ.

Се вчитува...