Огромен проблем: МЗТ Скопје без Кук најмалку месец дена

МЗТ Скопје гостувањето кај Партизан во Белград нема да го помни по добро. Не само што аеродромци беа демолирани со 120-67, туку останаа и без услугите на новото засилување Деандре Кук кој се повреди во првата четвртина.

Американецот кој пристигна како капитално засилување за амбицијата опстанување во регионалното првенство се пожали на болка во рамото, а тренерот Драган Николиќ на пресконференцијата за медиуми потврди дека станува збор за сериозна повреда која ќе го оддалечи од теренот месец дена.

„За жал се повреди Кеандре Кук, едно големо и капитално засилување за остварување на нашите цели. Жал ми е што по тој момент престанавме да играме и размислувавме само на таа повреда. Кук ќе паузира најмалку месец дена“, изјави Николиќ.

Се вчитува...