Огромен скандал во Англија: Саутемптон исфрлен од плеј-офот за пласман во Премиерлигата

Вистински хаос го тресе англискиот фудбал само неколку дена пред финалето во плеј-офот за пласман за Премиерлигата. Саутемптон требаше да се натпреварува во финалниот натпревар, но тимот е исфрлен откако бил прогласен за виновен во аферата „шпионажа“ на Мидлсбро, со што дефинитивно ќе биде сменета битката за расплет за влез во најсилната лига.

Назависна дисциплинска комисија одлучи да го казни клубот со одземање на четири бода, и елиминација од плеј-офот по обвинувањата од Англиската фудбалска лига (ЕФЛ).

Ова значи дека Мидлсбро ќе се бори против Хал за влев со Премиерлигата.

Целата афера започна кога Мидлсбро објави дека два дена пред првиот полуфинален натпревар, го фатиле аналитичарот на Саутемптон како се крие во грмушки, и го снима нивниот тренинг. Тимот веднаш побара тимот да биде елиминиран, иако Сатеумтпон ги елиминираше во полуфиналето.

Саутемптон има право на жалба, а финалето е закажано за сабота на „Вембли“.

Се вчитува...