Огромна бламажа за Германците: Курасао израмни и испиша историја (ВИДЕО)

Германија одлично го почна мечот со Курасао. Предност од 1-0 уште во 6. минута, доминација и блиску до втор гол, но потоа шок…

Откако се ослободија од притисокот, играчоте на Курасао дојдоа до шанса, и погодија преку Комененсија.

Најпрво еден од играчите шутираше во блокот, а топката стигна до Комененсија кој успеа да го совлада Нојер, а топката од еден противнички играч заврши зад грбот на голманот на Германија.

Ова беше прв гол на Курасао на Светските првенства, и тоа постигнат против четирикратниот светски првак.

Се вчитува...