Светот на фудбалот е потресен од тажната вест која доаѓа од Венецуела. Аргентинскиот фудбалер Лукас Трехо (38), член на прволигашот Клуб Спорт Маритимо де Ла Гваира, ги загуби сопругата и двете малолетни деца во катастрофалните земјотреси што ја погодија земјата на 24 јуни.
Телата на неговата сопруга Јанина Маранела и нивните две деца, Арон и Аињоа, беа пронајдени во урнатините на станбена зграда во населбата Плаја Гранде во Ла Гваира. Во времето на катастрофата, семејството се наоѓало во стан кој се урна за време на силните земјотреси со јачина од 7,2 и 7,5 степени според Рихтеровата скала.
Од првите моменти по земјотресот, Трехо помина низ вистинска агонија. Додека комуникациите беа прекинати поради прекини на електричната енергија и сигналот, фудбалерот објавуваше очајни апели на социјалните мрежи, барајќи биило какви информации за своите најблиски. Кога официјалните служби не успеаја да реагираат брзо, тој активно се вклучи во спасувачките операции и лично ги пребаруваше урнатините со надеж дека ќе ги пронајде преживеани.
За жал, по неколкудневна потрага, пристигна најлошата можна вест, пронајдени се телата на неговата сопруга и децата.
🇦🇷🇻🇪 Lamentamos informar que la familia (esposa e hijos) del futbolista argentino Lucas Trejo fue hallada sin vida en La Guaira tras 74 horas de búsqueda. pic.twitter.com/MkUWD604Kr
— Alerta Mundial (@AlertaMundoNews) June 28, 2026
Клуб Спорт Маритимо де Ла Гваира и целата венецуелска фудбалска јавност изразија длабоко сочувство до фудбалерот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
