Познатиот рагби играч Џосаја Раисуке, освојувач на сребрен медел на Олимписките игри во Париз, кој игра за францускиот прволигаш Олимпик, трагично загина во сообраќајна несреќа, објави „Л’екип“. Според француските медиуми, рагбистот, кој одел на утрински тренинг, бил удрен од воз, при што починал на лице место.
30-годишниот Раисуке пристигна од Фиџи во Франција во 2015 година, потпишувајќи за „Стад Франс“, кој го отпушти две години подоцна откако тој и еден соиграч во пијана состојба нападнаа девојка во ноќен клуб на неговата роденденска забава, а кога неговите пријатели се обидоа да и помогнат, двојката почнала да ги тепа. Раисуке и Ваисеа Најакалеву го поминаа споменатиот ден зад решетки, а неколку недели подоцна тој беше исклучен од клубот, додека Најакалеву доби опомена.
Се врати на рагбито во септември 2017 година, потпишувајќи за второлигашот Неверс, со кого имаше одлична сезона во 2018/2019 година, и беше најдобар стрелец на првенството.
Во јануари оваа година, потпиша двегодишен договор со Брив, кој требаше да започне од следната сезона, но за жал судбината ги спречи сите негови идни планови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА