Огромни грешки на отворањето на ЛШ: „Заспаниот“ ВАР… (ВИДЕО)

Воведувањето на ВАР системот, за првпат, во Лигата на шампионите од оваа сезона очигледно не им помогна многу на делителите на правдата на отворањето на сезоната. Огромни грешки ги одбележаа вчерашните натпревари од првото коло во најквалитетното европско клупско натпреварување.

Првата грешка ја направи искусниот турски судија Чакир на мечот меѓу Челси и Валенсија на кој имаше сериозен старт врз фудбалерот од средниот ред на „сините“, Масон. А, за тој старт францускиот фудбалер во редовите на Валенсија доби само жолт картон. Чакир ја погледна и снимката, но не ја промени одлуката, оштетувајќи го Челси кој загуби со 0-1 на крајот…

 

Втората ситуација која привлече големо внимание е пеналот на мечот Борусија Дортмунд – Барселона. Романскиот судија Хатеган досуди пенал, но потоа пропушти можност да го повтори изведувањето на ударот од белата точка затоа што за време на шутот на Марко Ројс голманот на гостите Тер Штеген беше далеку од линијата во моментот на шутот…

 

Третата спорна ситуација се случи во Неапол. Наполи во 82. минута поведе против Ливерупл од пенал кој не постоеше.

Робертсон, според мислењето на судијата Феликс Брих направил прекршок врз Каљехон. Но, видео снимките јасно покажаа дека пенал не постоеше. Но, ВАР очигледно „заспа“…

 

Се вчитува...