Емил Рајковиќ е избран за најдобар тренер на сезоната во ВТБ лигата. Македонскиот кошаркарски стратег ја превзема ЦСКА Москва на стартот на сезоната и оствари неверојатен успех, поставувајќи нови рекорди со „армејците“.
Македонецот и неговиот тим го завршија регуларниот дел од сезоната како првопласирани со 30 победи на 32 натпревари. Го имаа најдобриот старт на сезоната со 24 победи без пораз, најдолга победничка серија со 24 триумфи во низа, како и 14 натпревари со 100 или повеќе поени и најдобар поентерски учинок во сезоната со просек од 95.6 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА