Ракометните македонски суперлигаши, Охрид, Алкалоид и Бутел ги добија противниците во 2. коло од третото по ранг натпреварување на стариот континент, ЕХФ купот.
На денешната ждрепка во седиштето на Европската ракометна федерација, актуелниот шампион од ова натпреварување Охрид за противник го доби турскиот Спор Тото. Шампионот од пред две години, Алкалоид ќе игра против австрискиот Ферлах.
Бутел своето деби годинава во Европа ќе го има против хрватска Горица. Првите натпревари се закажани за 17. и 18. октомври, а реваншите ќе се одиграат една недела подоцна.
Четвртиот македонски претставник во ова натпреварувње, Тиквеш не успеа да ја мине првата рунда од ЕХФ купот откако во двомечот кој се играше во Кавадарци беше елиминиран од Еш од Луксембург.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
