Охрид го доби езерското дерби со Караорман (ВИДЕО)

Фудбалерите на Охрид се победници во езерската дерби пресметка против Караорман во 3. коло од Втората македонска фудбалска лига.

Во заостанатиот натпревар од третата рунда натпревари, кој беше одложен поради настапот на Струга ТЛ во Конференциската лига на стадионот во Охрид, домашните охриѓани сосема заслужено дојдоа до трите бода доминирајќи во текот на целиот натпревар.

Сепак, победничкиот гол за охриѓани дојде дури во 78. минута, а по одличната акција на двајцата резервисти. Стрелец беше Алтин Лога а по одличната асистенција на младиот Лео Андрески.


Standings provided by Sofascore

Се вчитува...