Охрид го доби „езерското дерби“ со Струга

Ракометарите на Охрид продолжија со максималниот учинок во домашниот шампионат откако успеаја да слават во второто „езерско дерби“ сезонава против Струга на гости со 18-20.

Израмнет натпревар во кој одбраните на двата тима беа во прв план. Воведот му припадна на тимот на Охрид кој имаше предност и од плус четири 1-5, по што стружани успеаја да се вратат и во текот на целиот меч да бидат во егал со фаворитот. Сепак, во финишот охриѓани беа посконцетрирани и успеаја да стигнат до конечен триумф од 18-20.

Денис Тот со 8 гола беше најдобар поединец во победничкиот табор, додека кај поразените Игор Илиевски заврши со пет гола.

Се вчитува...