Ракометарите на Охрид втора година по ред излегуваат како победници од Струшкиот турнир, откако во вечерашното финале славеа над Вардар со минимални 31-30. Очекувано, дуелот на двете врвни екипи мина во квалитетен и неизвесен ракомет, во завршницата сепак поумешни беа охриѓани кои го одбранија ланскиот трофеј освоен во соседниот град.
Охрид беше подобар противник во првото полувреме во ке избраниците на Ројевиќ имаа контрола над резултатот, на одмор заминувајќи со два гола предност (16-14). Вардар покажа карактер, ја стегна одбраната и успеа да го сврти резултатот во своја полза, за момент и да поведе, но Охрид беше тимот што го зададе завршниот удар. Вардар не се предаде до самиот крај, од 31-28 стигна до 31-30, Талески не погоди за охриѓани, па „црвено-црните“ добија и две секунди за чудесен камбек.
Сепак, времето се покажа недоволно, Охрид успеа да се одбрани и на крајот да се закити со пехарот.
Третото место на турнирот му припадна на Прилеп кој во малото финале славеше над домаќинот Струга со минимални 30-29.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
