Охрид го отпушти најдобриот кошаркар

Францускиот интернационалец Реми Бери не е повеќе член на АВ Охрид, откако клубот го ослободи од понатамошните обврски. Иако стануваше збор за еден од најдобрите кошаркари на Охрид, раководството на клубот реши да ја прекине соработката.

“Реми Бери не е повеќе кошаркар на АВ Охрид. Патиштата ни се разминаа со Бери, кој прекрши и одредени правила во клубот. Му се заблагодаруваме за придонесот во клубот и му посакуваме се најдобро понатаму“ – стои во соопштението од АВ Охрид.

Кошаркарите имаат ден одмор по синоќешното гостување кај МЗТ Скопје, а утре ги очекува дуелот со Сикст Примороска во регионалната Втора АБА лига кој е последен за оваа 2017 година.

Се вчитува...