Охрид го продолжи договорот со Дрогришки и Крстевски

Македонскиот ракометен суперлигаш Охрид продолжува да го формира тимот и за наредните сезони во кои ќе има уште поголеми цели како на домашно ниво така и во Европа.

Охриѓани играат одлична сезона и изненадувачки се во борба за титулата во Суперлигата, а денеска објавија дека го продолжуваат договорот со двајца од своите најдобрите ракометари.

Охрид објави дека го продолжи договорот со Стефан Дрогришки и Горан Крстевски со кои потпиша договор до 2025 година.

Се вчитува...