Охрид го промовираше големото засилување, српскиот пивот Живан Пешиќ (ФОТО)

ГРК Охрид го промовираше за новата сезона големото засилување на тимот, српскиот пивот Живан Пешиќ.

30-годишниот српски ракометар има повеќе од богата кариера зад себе настапувајќи и за европските великани како Веспрем и Адемар Леон, а последниве години играше и за Нексе, Целје и новосадска Војводина, од каде сега доаѓа во Охрид.

„Се чувствувам исклучително привилегиран поради повикот и можноста да учествувам во клупски проект како што е Охрид. Се надевам дека заедно во иднина ќе ги оствариме краткорочните и долгорочни цели на клубот. Исто така, како играч ми претставува задоволство што ќе имам можност да работам со тренер со такво искуство и значење за ракометот во Македонија како што е Стевче Алушовски. Моја лична цел е да му помогнам на клубот да оствари подобри резултати во однос на претходната сезона“ – изјави Пешиќ на промоцијата во новиот клуб.

Се вчитува...