Охрид и Брера ремизираа во дербито, Работнички во победнички ритам

Во дербито на седмото коло во Втората Македонска фудбалска лига, Охрид и Брера одиграа без победник 2:2. Младите фудбалери на Брера имаат за што да жалат бидејќи водеа со 0:2, но не успеаја да го зачуваат водството.

Охрид останува лидер на табелата со 16 освоени бодови, додека Брера е трета со два бода помалку.

Меѓу двата тима се смести Работнички кој со убедливи 5:1 го победи Камјани. Ова беше трета победа по ред за Работнички и сега заостанува само еден бод зад лидерот Охрид, но има и натпревар помалку.

Македонија Ѓорче Петров оствари минимален триумф на гостувањето кај Шкупи кој е единствен тим без победа во првите седум кола.

Осогово со гол во финишот се спаси од пораз пред своите гледачи во дуелот со Еуромилк Горно Лисиче играјќи 1:1, а со идентичен резултат заврши и дуелот меѓу Детонит и Кожуф.

Тетекс беше убедлив против Новаци славејќи со 4:1.

Колото ќе биде затворено со утрешниот дуел меѓу Беласица и Пелистер.

Се вчитува...