Арис го прегази АЕК во дербито, Димитријевиќ овој пат ги разигруваше соиграчите

Кошаркарите на Арис остварија убедлив триумф во дерби пресметката со АЕК Атина во второто коло од грчката лига.

Арис кој со изненадувачки пораз го започна шампионатот, пред своите гледачи го прегази АЕК со 30 поени разлика (88:58).

Арис ги доби сите четири четвртини, дилемите околу победникот ги реши во првото полувреме кога на противникот му дозволи да даде само 21 поен, а голем удел во триумфот имаше македонскиот репрезентативец, Ненад Димитријевиќ.

Димитријевиќ беше дел од првата петорка на Арис, одигра неполни 20 минути и овој пат се одлучи да ги разигрува соиграчите. Нено постигна само пет поени, но затоа имаше осум асистенции, како и четири скока и дуелот со заврши со 12 идексни поени. Најпрецизен кај Арис беше Морган со 25 поени.

Се вчитува...