Екипата на Хајдук Сплит во лудото дерби на „Пољуд“ со 2:1 го совлада Динамо Загреб, а натпреварот во последните моменти повеќе наликуваше на ватерполо отколку фудбалски натпревар.
На потопениот терен на „Пољуд“, во последните моменти, гостите бркаа израмнување, а „билите“ го бранеа водството.
Топката едвај се движеше на теренот, играчите не можеа да ги контролираат додавањата и во такви моменти играчите на Динамо ја погодија стативата.
Лудата завршница погледнете ја на следниот ЛИНК.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
