Кошаркарите на Работнички ја остварија и втората победа во Суперлигата, откако пред своите гледачи беа подобри од Тиквеш со 86:70.
Клучна за победата беше одличната игра во првото полувреме на Работнички. Тимот од Градски парк првите десет минути ги доби со 19:12, а уште поубедлив беше во втората четвртина (30:12) и на одмор замина со огромни 49:26.
Убедливата предност, кошаркарите на Работнички ја одржуваа и во второто полувреме, а гостите најблиску дојдоа до минус 17 на стартот од последната четвртина (67:50), по што беше јасно кој ќе слави. На крајот, Работнички победи со 86:70.
Капитенот Ефремовски беше предводник на Работнички со 21 постигнат поен, 14 даде Рикиќ, Говенс постигна 12, а двоцифрен беше и Робев (10 поени). Во редовите на Тиквеш се истакна Волф со 20 постигнати поени.
Кошаркарите на Куманово го совладаа Штип со 70:59 благодарение на добрата игра во второто полувреме. По тројката на Ѓуроски Куманово поведе со 48:45 и предноста не ја испушти до крајот на мечот. Во последната четвртина, неизвесноста ја разреши Гуден за водство од 58:49, по што Ѓуроски погоди за двоцифрена предност (61:49) и прв триумф во новата сезона.
Ѓуроски со 16 поени и Мекиќ со 15 беа најдобри во редовите на Куманово, додека Хамилтон со 21 постигнат поен ја предводеше листата на стрелци кај Штип.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
