По Нојер и голманот на Парма направи голема глупост (ВИДЕО)

Екипата на Интер дојде до петтата победа во шестото коло во Серија А откако на „Џузепе Меаца“ со 3:0 ја совлада Парма.

Натпреварот го одбележа неверојатниот кикс на голманот на Парма, Едоардо Корви.
Корви од својот петерец наместо да ја исфрли топката кон средина на теренот, тој му „асистираше“ на Сучиќ кој немаше проблеми да ја затресе мрежата.

Голот на Сучиќ го киксот на Корви може да го видите ТУКА.

Ова е втор голем кикс на голманите денеска, по тој што го направи капитенот на Баерн Минхен, Мануел Нојер, кој прими гол во петтата секунда од натпреварот.

Нераѕурите сите дилеми околу победникот ги решија во првиот дел кога ги постигнаа и другите два гола.
во 17-та минута Чалханоглу од пенал зголеми на 2:0, а во 31-та минута Маркус Тирам го постави конечмиот резултат.

Се вчитува...