Тотенхем со играч помалку во судиското продолжение се спаси од пораз на „Олд трафорд“ (ВИДЕО)

Дерби пресметката во Премиер лигата меѓу Манчестер Јунајтед и Тотенхем заврши без победник 1:1 со што останува притисокот врз двајцата менаџери, Мајкл Карик и Роберто де Ѕерби.

„Црвените ѓаволи“ по шест кола имаат само една победа и го имаат најслабиот старт во последните 14 години, додека Тотенхем се уште чека на прво славје и моментно се наоѓа на 18-та позиција со само три освоени бодови.

По мирното прво полувреме, во вториот дел навивачите на „Олд трафорд“ видоа акција, два гола и црвен картон.

Манчестер Јунајтед поведе со голот на Мбеумо во 73-та минута, а пет минути подоцна навивачите помислија дека бодовите ќе останат на „Олд трафорд“ бидејќи Тотенхем остана со играч помалку по исклучувањето на Бентанкур.

Но, во судиското продолжение, во 92-та минута, Доминик Соланке постигна гол за 1:1 со што го остави својот менаџер Роберто де Ѕерби на клупата барем до следниот натпревар.

Се вчитува...