Македонската тенисерка Сара Митевска (16.години) постигна голем успех, таа го освои турнирот во Грција во конкуренција на тенисерки до 18 години – Ј100 Аридеа. Резултатот на Митевска е уште повреден ако се се знае дека на убедлив начин стигна до финалето, а во мечот за пехарот успеа да направи пресврт.
Во финалниот меч Митевска ја победи Софија Дрозденко со 2-1 во сетови и тоа 1:6, 6:1, 6:3.
Претходно на патот до финалето не загуби ниту еден сет. Во првата рунда како седма носителка беше слободна, а во второто коло ја победи Фотеини Фасула од Грција 2-0 (6:1, 6:1). Во следната рунда ја совлада Елена Пападопулу од Бугарија со 2-0 (6:3, 6:2), додека во четвртфиналето беше поуспешна од Ана Варса од Романија со 2-0 (7:6, 6:4). Победничката серија ја продолжи во полуфиналето со Лидија Панајотиду од Грција 2-0 (6:4, 6:4).
Митевска настапи и во конкуренција на двојки каде со Нина Тепиќ од Србија беа елиминирани во четвртфиналето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
