Роберт Просинечки е еден од главните кандидати за селектор на фудбалската репрезентација на Бугарија.
Тој веќе имал разговори со претставници на Фудбалската федерација на Бугарија за време на неговата посета на Софија.
Бугарија е во потрага по нов селектор откако Александар Димитров беше разрешен поради слабите резултати во Лигата на нации. Поразите од Луксембург (1:2) и Исланд (0:3), како и ремито со Естонија (0:0), доведоа до смена на Димитров.
Репрезентацијата привремено ја води Атанас Рибарски, кој успеа да оствари победа од 2:0 над Луксембург. Планот е тој да остане на селекторското столче и на преостанатите два натпревари во Лигата на нации кои ќе се играат во ноември, додека новиот селектор би ја презел функцијата на почетокот на 2027 година, пред стартот на квалификациите за ЕП.
Освен Просинечки, бугарските медиуми шпекулираат и со имињата на Александар Јанковиќ, Силвињо и Едвард Јорданеску.
Доколку ја прифати понудата, Бугарија би била петтата репрезентација што Просинечки би ја предводел во својата кариера, по Азербејџан, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Киргистан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
