Винисиус дивееше и црвенееше, Диоманде со деби голот му донесе победа на Реал (ВИДЕО)

Фудбалерите на Реал Мадрид одиграа уште еден неубедлив натпревар сезонава, но успеаја да дојдат до минимален триумф во дерби пресметката со Виљареал.

Човек на одлука беше најскапото засилување во историјата на Реал Мадрид, Јан Диоманде кој единствениот гол на натпреварот го постигна во 62-та минута. Голот на Диоманде може да го видите ТУКА.

Ова беше негов прв гол во дресот на Реал Мадрид.

Дуелот го одбележа и испадот на Винисиус жуниор кој заработи директен црвен картон во 73-та минута поради неспортскиот потег кога го повлече за коса играчот на Виљареал, Салиба и тоа две минути откако му беше поништен гол и тоа поради глупоста која ја направи претходно. Црвениот картон на Бразилецот може да го видите на овој ЛИНК, а поништениот гол на овој ЛИНК.

Интересно е што навивачите не беа импресионирани од играта на „кралевите“ кои до 62-та минута и голот на Диоманде, беа во подредена улога и на „Сантијаго Бернабеу“ можеа да се слушнат свирежи.

Се вчитува...