ПСЖ ги користи киксевите на конкурентите и почна да се искачува кон врвот на табелата

Актуелниот европски и француски шампион, ПСЖ со 3:1 го совлада Ле Ман во шестото коло во Лига 1.

Ова беше трета победа во низа за ПСЖ и на најдобар начин ги искористи киксевите на конкурентите кои се пред него на табелата.

„Светците“ по шест кола имаат 11 бода и се петти со три бода помалку од лидерот, а конкурентите пред нив на табелата, Парис и Лион денеска загубија од Лориен и Ланс, додека лидерот Монако ремизира со Тулуз.

Победата на ПСЖ ја најави Бералдо со голот од пенал во 19-та минута.

Во вториот дел, Мафута во 54-та минута израмни на 1:1 со што го натера тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, во игра да го внесе Хвича Кварецхелија кој по само две минути на теренот погоди за 2:1. Конечниот резултат го постави Аклуш во 68-та минута.

Се вчитува...