Паузата во Премиер лигата одлично му дојде на менаџерот на Челси, Чаби Алонсо, да ја консолидира играта и во првиот натпревар по „одморот’, неговите играчи остварија убедлив триумф од 5:1 над Борнмут.
„Сините“ тргнаа фуриозно, веќе во третата минута имаа водство од 2:0, головите ги постигна буквално од првите два напади.
Резултатот го отвори Џордан Хендерсон во втората минута, а во следниот напад Морган Роџерс погоди за 2:0 и со овој резултат се замина на одмор.
Во првата минута од второто полувреме, играчите Челси повторно ја затресоа мрежата на Борнмут. Овој пат во листата на стрелци се запиша Жоао Педро.
Единствениот гол за Борнмут го постигна Еванилсон во 51-та минута.
До крајот на натпреварот, уште во листата на стрелци се запишаа Жоао Педро и Џордан Хендерсон за конечни 5:1.
Астон вила и Брентфорд одиграа 2:2, а интересно е што головите беа постигнувани во период од две минути во првото и во второто полувреме.
Гостите поведоа Јармолук во 10-та минута, но радоста им траеше само две минути бидејќи Николас Џексон израмни на 1:1. Во вториот дел, Астон вила поведе со голот на Мекгин во 77-та минута, а две минути подоцна Брентфорд израмни преку Ајер.
Ипсвич со пресврт славеше против Фулам со 2:1. Тимот од Лондон поведе во 55-та минута преку Сесењон, но домаќините со головите во финишот, во 88-та и во 91-та минута на Оутара и на О’Ши направи пресврт за 2:1.
Триумф како гостин оствари Брајтон во дуелот со Сандерленд благодарение на головите на Де Кујпер во 53-та и на Хаџам во 93-та минута.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
