Охрид ќе биде домаќин на „Трофеј Македонија 2026“: Познати сите учесници!

Охрид ќе биде домаќин на ракометниот турнир „Трофеј Македонија 2026“, кој ќе се одржи од 24 до 26 септември во Спортскиот центар „Билјанини Извори“.

На турнирот ќе настапат репрезентациите на Македонија, Хрватска, Србија и Црна Гора, а во текот на трите натпреварувачки дена љубителите на ракометот ќе имаат можност да проследат шест натпревари.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ НА МАКЕДОНИЈА
24.09/ 18 часот/ Македонија – Србија
25.09/ 17:30 часот/ Македонија – Црна Гора
26.09/ 19 часот/ Македонија – Хрватска

Се вчитува...