Охрид победи во трката за помош на Сара Настеска (ФОТО+ВИДЕО)

Трчањето и хуманоста го обединија Охрид и ги мотивираше охриѓани кои во голем број учествуваа на спортскиот настан „Охрид трчаТ за Сара“ кој се одржа од Куба Либре до центарот на градот. Учесниците донираа за Сара на која итно и е потребна трансплантација на коскена срж во Германија. Операцијата чини 200.000 евра.

„Немаме зборови со кои можеме да им се заблагодариме на учениците, дечињата од градинка, воспитувачките, наставниците и професорите, директорите, пратениците, вработените, спортските клубови, советниците, компаниите, институците, пензионерите и волонтерите кои на едно место во исто време имаа една мисла и желба живот за Сара“ –изјавија организаторите.

Градот Охрид, охриѓани и целата земја со организирани на разно разни настани собираат средства за Сара која заедно со најблиските ја води најважната битка во животот.

Се вчитува...