Охрид преку Волендам до Порто во ЕХФ Купот

Ракометарите на Охрид ќе дебитираат на европската сцена против холандскиот Волендам во првото коло од ЕХФ Купот. Првиот натпревар на 2/3 септември, охриѓани ќе го играат на домашен терен, а гости се на реваншот на 9/10 септември.

Доколку бидат поуспешни во овој дуел, противник на Охрид во следното коло би му бил португалскиот Порто.

За амбициозниот тим на Охрид кој лани заврши на третото место во македонската Суипер лига зад Вардар и Металург, ова е поволна ждрепка и противник со кој може да се надигруваат. За разлика од Охрид кој го бележи своето деби во европските купови, Волендам е многу подолго присутен на европската сцена, но без позабележителни резултати. Настапот во 3.коло од КПК во 2009/2010 година е максималниот дострел што го постигнал холандскиот тим досега.

Лани Волендам беше елиминитран уште во првото коло од ЕХФ Купот од фрнацускиот Шамбери.

Се вчитува...