Охрид се збогуваше од тренерот Алушовски и од седум ракометари

Охрид синоќа го одигра последниот натпревар за оваа сезона, а пред почетокот управата на клубот им додели благодарници на оние кои летово ќе си заминат и повеќе нема да бидат дел од оваа екипа.

Тренерот Стевче Алушовски го напушти кормилото на охриѓан и ќе го му препушти своето место на Србинот Ројевиќ, а заедно со Алушовски од Охрид си заминуваат и седум ракометари.

„Пред почетокот на последниот натпревар од сезоната 24/25 од Супер лигата, ГРК Охрид им изрази благодарност на тренерот Стевче Алушовски и играчите: Бобан Ристевски, Милорад Кукоски, Никола Јукиќ, Живан Пешиќ, Хироки Матсуока, Горан Крстевски и Циао Винициус, кои, по завршувањето на првенството си заминуваат од клубот. Клубот им упатува благодарност за нивниот придонес и се што направија за екипата.

Воедно, клубот му се заблагодари и на некогашниот капитен и долгогодишен член на екипата, Крсте Андоновски, кој ја завршува играчката кариера и во иднина ќе биде дел од тренерската структура на клубот.

На сите нив ГРК Охрид им посакува успех во понатамошната кариера. Како клуб направивме напори да го задржиме со Договор и Петар Николоски на кого му дадовме шанса и оваа сезона со првиот тим, но од негова страна бевме одбиени“, објави ГРК Охрид.

Се вчитува...