Ракометарите на Бутел остварија огромна победа во рамките од шестото коло од плејофот откако на гостински терен славеше против Охрид со 29-31. Охриѓани ја имаа фаворитската улога на овој натпревар, но избраниците на Алушовски потфрлија во второто полувреме, гостите од Скопје го искористија тоа и стигнаа до бодовите.
Охрид наметна силно темпо од самиот почеток, набрзина поведувајќи со 7-3, потоа и со 11-6. „Сино-белите“ имаа најубедливи шест гола предност (15-9), но Бутел се разбуди пред крајот на првото полувреме, намалувајќи на 17-14. Тоа беше најава за далеку подобро издание на гостите во второто полувреме, набрзина израмни на 20-20, а потоа имаше стигна и до водство од 22-23. Охрид израмни на 24-24, по што Бутел ја направи клучната предност, благодарение на цврстата одбрана успеа да се одлепи на 24-27 и потоа да го исконтролира резултатот до самиот крај.
Милошески и Димитар Узунчев со по седум гола беа најефикасни во победничкиот тим, еден помалку постигна Ѓеорѓиевски, додека прв стрелец на Охрид беше Цирар со седум погодоци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА