Охрид со најмасовната досега Меѓународна едриличарска регата – Повеќе од 50 едрилици викендов го разубавија Охридското езеро (ФОТО)

Како никогаш досега, се чини, во последниве десет години Охрид изминатиов викенд живееше за едрењето и Меѓународната едриличарска регата која се одржа во рамките на „Фестивалот на вода 2026“, а традиционално во организација на Здружението за спортско едрење „Акватика Јахтинг“ од Охрид и Едриличарската федерација на Македонија.

Четвртото издание на Меѓународната едриличарска регата „Охрид 2026′ беше убедливо најмасовното досега, со учество на вкупно 52 едрилици од шест клубови од Балканот, кои на најдобар можен начин го промовираа еден од најатрактивните олимписки спортови на вода.

Натпреварувањето се одржа во четири класи, Оптимист, Илка 4, Илка 6 и 470, притоа низ повеќе од поволни временски услови, во два дена со одржани вкупно девет трки, по кои беа познати и освојувачите на медалите.

Пред одржувањето на интернационалната регата, во рамките на „Фестивалот на вода – Охрид 2026“ беше одржан и тридневен едриличарски камп на кој бројните едриличари од Македонија, Бугарија и Србија споделија меѓусебни искуства, низ тренинг натпревари и подготовки, во желбата за дополнителен развој.

КЛАСА ОПТИМИСТ – ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН
МОМЧИЊА
1. Роман Кононов (ЕК Черноморец – Бургас, Бугарија)
2. Томе Златески (ЕК Снегар – Струга, Македонија)
3. Мартон Молнар (ЕК Палиќ – Суботица, Србија)
ДЕВОЈКИ
1. Адријана Божинова (ЕК Черноморец – Бургас, Бугарија)
2. Калина Николоска (Акватика Јахтинг – Охрид, Македонија)
3. Бора Попоска (Акватика Јахтинг – Охрид, Македонија)
МОМЧИЊА ДО 12 ГОДИНИ
1. Томе Златески (ЕК Снегар – Струга, Македонија)
2. Душан Дабулханиќ (БК Металац – Смедерево, Србија)
3. Владимир Милошевиќ (БК Металац – Смедерево, Србија)
ДЕВОЈЧИЊА ДО 12 ГОДИНИ
1. Калина Николоска (Акватика Јахтинг – Охрид, Македонија)
2. Бора Попоска (Акватика Јахтинг – Охрид, Македонија)
3. Таиса Николовска (ЕК Снегар – Струга, Македонија)

КЛАСА – ИЛКА 4
1. Стефан Баракоски (ЕК Снегар – Струга, Македонија)
2. Ана Кононова (ЕК Черноморец – Бургас, Бугарија)
3. Лена Тасковиќ (БК Металац – Смедерево, Србија)

КЛАСА – ИЛКА 6
1. Дарио Лолиќ (ЕК Војводина – Нови Сад, Србија)
2. Марко Милески (ЕК Снегар – Струга, Македонија)
3. Симеон Емилианов (ЕК Черноморец – Бургас, Бугарија)

КЛАСА 470
1. Милош Илиќ/ Славиша Станишиќ (БК Металац – Смедерево, Србија)
2. Марија Миличевиќ/ Никола Павиќ (БК Металац – Смедерево, Србија)
3. Редон Зекир/ Матеј Симовиќ (Акватика Јахтинг – Охрид, Македонија)

 

Се вчитува...