Охрид со реакција на судењето против Воска: Недосуден пенал за нас по двојно играње со рака, и непостоечки пенал за противникот (ВИДЕО)

Од редовите на второтолигашот Охрид се огласија со реакција незадоволни од судењето на натпреварот со Воска, преку видео-материјали тврдејќи дека очигледно се оштетени на мечот кој го загубија со 1-0 по досуден непостоечки пенал за противникот.

„Досудена непостоечка офсајд позиција за Охрид и скратена можност за погодок, двојно играње со рака на противникот во шеснаесетникот и недосуден очигледен удар од белата точка за Охрид и на крај во судиското продолжение досуден пенал за Воска по очигледна офсајд позиција на противничкиот фудбалер и непостоечки пенал. Одлучете сами дали овие ситуација директно влијаеја на конечниот резултат“ – се вели во реакцијата од Охрид.

Охрид во рамноправен натпревар на градската пресметка на крајот загуби токму по досудениот пенал за Воска во самиот финиш, на кој се чини му претходеше и офсајд позиција.

Се вчитува...