Екипата на Охрид осигура исклучително важен потпис успевајќи да го задржи тренерот Борис Ројевиќ, со кого се договори за продолжување на соработката до јуни 2029 година.
Србинот пристигна минатото лето и веднаш остави силна трага, успевајќи да го донесе првиот трофеј крај Охридското езеро, оној од ЕХФ Европскиот куп. Охриѓани со уште поголеми амбиции влеегуваат во новата сезона, а со потписот на Ројевиќ само ја потврдуваат стабилноста на овој проект.
„Го сакам ова место, овде навистина се чувствувам како дома. Направивме големи работи првата сезона, донесовме европски пехар крај езерото. Можеме уште…“, истакна Ројевиќ во видео-пораката со која се официјализираше неговиот потпис.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
