Охриѓани комплетни на тренинг – едвај чекаат сезоната да продолжи (фото)

Ракометарите на Охрид со засилен ритам се подготвуваат за продолжението од суперлигашката сезона, откако Ракометната Федерација на Македонија вчера ги извести клубовите од Групата А дека ќе почнат со натпревари од 14 октомври.

Тимот предводен од Раде Стојановиќ имаше неколку позитивни случаи во изминатиот период, но сите заболени ракометари во меѓувреме оздравија, па тренерот на Охрид ги има на располагање сите ракометари.

Охриѓани во првото коло од продолжението на 14 октомври треба да го пречекаат Радовиш, по што три дена подоцна ги очекува гостување против Пролет, во дерби-дуелот од групата А од Супер-лигата.

Се вчитува...