Ојлески: И покрај малите проблеми, одиме да се надигруваме со Загреб

Еурофарм Пелистер утре ќе му гостува на хрватскиот шампион Загреб во вториот натпревар од А групата од годинашното издание на СЕХА лигата. Капитенот на битолскиот тим, Гоце Ојлески вели дека подготовките поминале одлично и дека покрај малите проблеми тие во Загреб одат да се надигруваат.

„Одработивме добро подготовки, бевме во Загреб и игравме тест натпревари. Мислам дека добро се подготвивме, со исклучок на неколку ракометари кои имаат мали проблеми. Одиме во Загреб да се надигруваме и знаеме каков противник ќе имаме в сабота навечер. Се работи за екипа која скоро секоја година игра Ф4 на СЕХА лигата. Нема да биде лесен натпревар, но ќе играме на победа. Ќе дадеме максимум и ќе видиме што ќе се случи. Успех во Загреб ќе ни донесе голема самодоверба и добар влез во втората полусезона. Ни следат повеќе натпревари и добар старт во Загреб добро би ни дошол. Ни следи брзо потоа и Татабања во Битола и се надеваме на добри резултати“, вели Ојлески. 

Мечот меѓу ППД Загреб и Еурофарм Пелистер е закажан за 20 часот.

Се вчитува...