Окријашвили: Македонците се добри, но им ги знаеме слабостите

Грузиските фудбалери со засилено темпо се подготвуваат за претстојниот дуел со Македонија, решавачки која од овие две селекции ќе обезбеди историски пласман на еден европски шампионат.

Нашиот противник од денеска тренира во комплетен состав, а плејмејкерот Торние Окријашвили е убеден дека Грузијците ќе го најдат патот до победата на натпреварот в четврток.

„Македонците се добри, имаме играно двапати против нив. Им ги знаеме слабостите и работиме како да ги искористиме кога ќе дојде натпреварот. Ние сме многу блиски, едно семејство, се чуваме едни со други и таквото единство не донесе до ова финале. Тоа е причината за нашиот досегашен успех и очекувам тоа да биде нашиот рецепт за успех и против Македонија“, изјави Окријашвили.

Се вчитува...